apr 13, 1909 - Задушување на младотурците
Description:
Младотурците биле истерани од парламентот и од владата, а голем дел од младотурските лидери биле убиени. Оние кои побегнале, свое засолниште нашле во Солун каде решиле овој револт да биде уништен. За таа цел била основана т.н. Армија на акцијата во која учествувале и Јане Сандански, Тодор Паница и Христо Чернопеев заедно со уште 1.200 македонски револуционери. По тридневни борби, на 24 април, контрареволуцијата е совладана. На 27 април султанот Абдул Хамид II е сменет, а за нов султан е поставен Мехмед Решад V.
Абдул Хамид II бил прогонет во Солун. На пат кон Солун, соборениот султан на еден младотурски офицер му рекол: „Македонија е една убава роза со големи боцки. Откако ме отстранивте од престолот, соседните држави меѓусебно ќе се убијат по оваа роза“.
Added to timeline:
Macedonia
Date: