29
/
en
AIzaSyAYiBZKx7MnpbEhh9jyipgxe19OcubqV5w
April 1, 2024
22393
1883
2

jan 7, 1903 - Објавување на книгата „ ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“ во Софија од Крсте Петков Мисирков (1903г.)

Description:

Петтата статија ( „ Неколку збора за македонцкиот јазик“ ) од оваа книга е посебно ориентирана кон проблемот со македонскиот јазик и ги опишува погледите на Крсте П.М. за македонскиот литературен јазик. Тој укажува на неопходноста од забрзан развој на македонскиот литературен јазик и на неговото издвојување како посебен јазик меѓу јужнословенските јазици. Мисирков се определува за брз, антитрадиционален модел за решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
1. за основа на литературниот јазик ги зема центарлните говори (на линијата Велес - Прилеп - Битола - Охрид);
2. го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки пред етимологијата;
3. во лексиката вклучува елементи од сите македонски говори.
- Во изговорот инсистира на:
1. Испуштање на интервокалните в и х (чоек, жиот, дуот); антиципација на мекоста (ќ и њ :брајика, стаине, којн); групата шч (шчо, опшч); групите стр, здр (во сите случаи: стред, здрел); наставката -цки наместо -ски (македонцки).
2. Во македонската кирилица Мисирков воведува неколку нови графеми: и, к’, г’, н’, л’, со кои таа се разликува од другите кирилски писма.
3. Во лексиката и во зборообразувањето инсистира на народна лексика, и на живи зборообразувачки модели (благодреине).
Мисирков јасно ја определи дијалектната основа на македонскиот литературен јазик и теоретски ги изложи ставовите за неговото оформување.
Тие идеи претставуваат солидна основа за дефинитивното номинирање на макеоднскиот јазик и за неговото кодифицирање по втората светска војна во условите на македонската државност.

Added to timeline:

14 Sep 2017
0
0
839
Историја на Македонскиот јазик

Date:

jan 7, 1903
Now
~ 121 years ago

Images:

PremiumAbout & FeedbackTermsPrivacy
logo
© 2022 Selected Technologies LLC – Morgan Hill, California