Кирил Пејчиновиќ (aug 12, 1771 – mar 12, 1845)
Description:
Роден е во Теарце, тетовски во 1771. Се образувал во Лешок и дебарскиот манастир св.Јован Бигорски. Се замонашува во Света Гора во манастирот Хиландар. Во 1802 Пејчиновиќ станал игумен на Кичевскиот манастир и се обидел да го обнови и оформил манастирска библиотека.
По долго време се вратил во Лешочкиот манастир, го обновил и отворил училиште. Погребан е во црковниот двор.
Верски просветител кој има прв обид за поетска песна со епитафот. Во неговиот јазик се забележува слеаност на црковнословенизмите со народниот јазик.
Негови дела се: „Епитаф“, „Слово за празниците“, „Сија книга глаголаемаја Огледало“, Утешение грешним“, „Житие на кнез Лазар“ што всушност последната хагиограифија во македонската и јужнословенската книжевност.
Added to timeline:
Date: