Старословенски период (1 janv. 862 – 1 janv. 1000)
Description:
Создавање на првата словенска азбука и словенската писменост од страна на Константин филозов кој подоцна бил наречен Кирил. Првата азбука имала 38 букви и била наречена Глаголица(862 год.).
-Создавање на книжевни школи: Охридска книжевна школа ( Св. Климент Охридски) и Лесновска книжевна школа. Како учител и свештеник, Климент напишал околу 50 книжевни дела на словенски јазик (претпоставките се движат од 15 до 50 книжевни дела).Од овој период во Македонија се зачувани следниве текстови: Зогравско евангелие, Асемново евангелие и Мариинско евангелие, сите тие се пишувани со Глаголица. Како упростување на Глаголицата, по кратко време настанала Кирилицата, која што имала 44 букви. Се употребувала во преславската книжевна школа во Бугарија.
- Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 - 23 декември 910), бил средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. На Наум Охридски му се препишуваат делата:
- Канонот за апостолот Андреј
- Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст.
Ajouté au bande de temps:
Историја на македонскиот јазик
Изработиле: Сара Михајловска, Симона Таневска, Матеа Стојков...
Date: