30
/
AIzaSyAYiBZKx7MnpbEhh9jyipgxe19OcubqV5w
April 1, 2024
739727
61896
2

may 23, 1876 - Разловечко востание

Description:

Вo втората половина на XIX век, Османлиската империја западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што останале во нејзин состав. Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства.

За кревање на ова востание големо влијание имале и надворешните фактори. Во 70-тите години на XIX век револуционерното движење на поробените народи за национално ослободување најнапред се разгорело во Босна и Херцеговина во јуни 1875 г. и во Бугарија во април 1876 г. Потоа започнала и војната меѓу Србија, Црна Гора и Русија против Турција, во јуни 1876 г., која многу придонесла за влошувањето на положбата на македонскиот народ, бидејќи тој бил изложен на голема експлоатација; морал да работи ангарија за правење патишта и други објекти и да ја финансира војната преку плаќањето на нови и тешки даноци. Селаните најмногу страдале од своеволијата на собирачите на даноците и полските чувари (пољаците), како и од разбојничките банди. Сето тоа го натерало македонскиот народ во Источна Македонија да се крене на вооружено востание против турската феудална власт, за национално ослободување.

Added to timeline:

12 Feb 2018

Date:

may 23, 1876
Now
~ 148 years ago