feb 4, 863 - МОРАВСКА МИСИЈА
Description:
Пред да тргнат на оваа мисија браќата треба да преведат христијански книги од грчки на словенски јазик. Но, Словените немале свое писмо, па за таа цел Кирил ја создава првата словенска азбука, глаголицата во 862/863 година. Благодарение на оваа азбука тој го преведува „Евангелието од Јован“ на словенски јазик и други богослужбени книги. Браќата Кирил и Методиј во Моравија биле пречекани со почести, отварале цркви, организирале богослужби на словенски јазик и описменувале ученици. Ваквата нивна дејност им пречела на германските мисионери, кои ги наклеветиле браќата кај римскиот папа дека шират лажна вера, ерес. Така тие тргнале кон Рим, при што минале низ Панонија.
Added to timeline:
Историја на Македонскиот јазик
Date: