12 jan 1836 ano - Отворена ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА на даскал Камче
Descrição:
Со материјална помош од кавадаречкиот богатник Јовко Марков и од Теодосиј Синаитски, тајно ја отворил познатата Ваташка печатница во 1836 година, една од првите во Македонија, набавувајќи го печатарскиот материјал во Белград. Сместена во неговиот дом, печатницата почнала да печати мали книшки. Нејзината работа ќе биде оневозможена во моментот кога ќе биде откриена од грчкото свештенство. Сепак, таа благовремено е префрлена во Солун од страна на Синаитски во 1839 и таму продолжува да работи се до 1842 година, кога изгорела во подметнат пожар. Во 1847 година, Даскал Камче, повторно потпомогнат од Јовко Марков, купува во Белград букви за нејзината обнова, но тоа му создава нови непријатности.
Adicionado na linha do tempo:
Историја на Македонскиот јазик
Data: