Петре М. Андреевски (jul 25, 1934 – sep 25, 2006)
Description:
Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател).
- Творештво:
стихозбирки: „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Далги и наковална“, „Вечна куќа“, „Лакримариј“, „Дениција“.
раскази:„Боеми“, „Сите лица на смртта“, „Неверни години“.
романи: „Тунел“, „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“.
Added to timeline:
Историја на Македонскиот јазик
Date: