33
/de/
AIzaSyAYiBZKx7MnpbEhh9jyipgxe19OcubqV5w
August 1, 2025
9716
1883
2

Живко Чинго (13 Aug 1935 Jahr – 11 Aug 1987 Jahr)

Beschreibung:

Роден е во 1935 г. во с. Велгошти, Охридско. Во родното село завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Философскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, во „Млад борец“, во Радиотелевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ.
Чинго е автор на следниве дела:
„Пасквелија“ (раскази, 1963)
„Семејството Огулиновци“ (раскази, 1965)
„Нова Пасквелија“ (раскази, 1965)
„Сребрените снегови“ (роман за деца, 1966)
„Пожар“ (раскази, 1970)
„Големата вода“ (роман, 1971)
„Жед“ (сценарио, 1971)
„Поле“ (сценарио, 1971)
„Образов“ (драма, 1973)
„Ѕидот, водата“ (драма, 1976)
„Вљубениот дух“ (раскази, 1976)
„Кенгурски скок“ (драма, 1979)
„Макавејските празници“' (драма, 1982)
„Накусо“ (раскази, 1984)
„Пчеларник“ (сценарио, 1988)
„Гроб за душата“ (раскази, 1989)
„Бабаџан“ (роман, 1989)
„Бунило“ (раскази, 1989)
„Ал“ (проза, 1989)
Награди:
Рациново признание
„11 Октомври“
„1 Мај“
Стерино позорје.
Во чест на Чинго од 1988 година во неговото родно место се одржуваа манифестацијата „Денови на Живко Чинго“. Во текот на манифестацијата се доделува Наградата „Живко Чинго“ за најдобрар расказ.

Zugefügt zum Band der Zeit:

Datum:

13 Aug 1935 Jahr
11 Aug 1987 Jahr
~ 52 years