33
/de/
AIzaSyAYiBZKx7MnpbEhh9jyipgxe19OcubqV5w
August 1, 2025
Public Timelines
Menu
Public Timelines
FAQ
Public Timelines
FAQ
For education
For educational institutions
For teachers
For students
Cabinet
For educational institutions
For teachers
For students
Open cabinet
Erstellen
Close
Create a timeline
Public timelines
Library
FAQ
Editieren
Herunterladen
Export
Eine Kopie erstellen
Premium
In der Webseite integrieren
Share
Историјата на Македонскиот Јазик
Category:
Andere
Wurde aktualisiert:
12 Sep 2017
0
0
738
Autoren
Created by
David Ivanovski
Attachments
Comments
Историјата на Македонскиот Јазик
By
David Ivanovski
12 Sep 2017
0
0
600
Perioden
Словенската писменост се создала во втората половина на 9 век, односно во 862 година кога Кирил Филозоф ја составил првата словенска азбука - глаголицата. Јазикот на старите Словени се нарекува прасловенски јазик, а јазикот по создавањето на азбуката се нарекува старословенски јазик. Врз основа на говорот на Словените кои живееле во околината на Солун е создаден првиот писмен словенски јазик т.н. старословенски јазик. Првата словенска азбука е глаголицата
Се претпоставува дека анонимен ученик на Кирил Филозоф ја упростил глаголицата и ја нарекол кирилица во негова чест.
Една од најважните и најкарактеристичните промени што го зафатиле македонскиот јазик се граматичките промени. Граматиката на македонскиот јазик и граматиката на старословенскиот јазик почнале сосема да се разликуваат со свои граматички црти. Една од поважните грамтички промени е замената на синтетичката деклинација со аналитичен начин на изразување на падежните односи. Сведоци за паралелните промени на јазикот се на пример старите црковни охридски записи од 11 век и 12 век
Македонскиот јазик покажал и посебен развиток и во однос на назалните согласки. Тука се појавила вокализација на еровите и промената на назалните согласки се хронолошки и по резултат одделни појави. Притоа, единствено во македонскиот јазик дошло до изедначување на Ѧ со Ѣ, по губењето на назалниот призвук, така што во текстовите од 12 век и 13 век се наоѓале пример како: пѦтель за пѢтель, сѢмѢ за сѢмѦ и сл.
Од 14 век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори. Во старословенската основа на писмениот јазик.
Новата граматичка структура на мак. јазик, што се развивала во споменатиот контакт со балканските јазици, а и во меѓу дејството на самите словенски говори во сферата на тоа влијание, била веќе доволно изразена во времето околу 15 в.
Во времето на Отоманската империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат се повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба. Во 16 век се печатат и книги во Србија и Венеција.
About & Feedback
Vereinbarung
Privatheit
Bibliothek
FAQ
Support 24/7
Cabinet
Get premium
Donate
The service accepts bank transfer (ACH, Wire) or cards (Visa, MasterCard, etc). Processed by Stripe.
Secured with SSL
Comments